Утре, граѓани на Аеродром ќе протестираат против Вардариште со променета саатница. Односно, како што велат од иницијативата „Стоп за Вардариште“, поради игнорантскиот однос од инситуциите, протестите се интензивираат! Речиси еден месец дел од жителите на Аеродром, Ново Лисиче, а понекогаш поддржани од жители од Маџари, ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, меѓу двете општини Аеродром и Гази Баба, кои најмногу страдаат од чадот од ...
Попладнево главниот град е целосно заглавен во сообраќаен колапс. Според сообраќајната мапа, речиси сите клучни улици и булевари се обележани со црвена боја, што укажува на долги застои и метеж. Дождот кој без прекин паѓа веќе 24 часа дополнително ја отежнува ситуацијата, но не ги спречи жителите на Аеродром да продолжат со блокадите на мостот „Близнаци“. Тие и денеска го искажаа својот револт поради честото палење на дивата депонија ...
Жителите на Аеродром, Ново Лисиче и Маџари денеска повторно ќе излезат на протест против загадувањето од Вардариште, но овојпат со променета саатница. Според иницијативата „Стоп за Вардариште“, блокадата на крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ ќе започне од 15 часот и ќе трае до 18 часот – токму во време кога најголем дел од скопјани се враќаат од работа. Од иницијативата велат дека ова е реакција на, како што го нарекуваат, игнорантскиот ...