Кошаркарите на Полска ја победија Босна и Херцеговина со резултат од 80-72 во осминафиналето на Евробаскетот. Избраниците на Игор Миличиќ ќе играат во четвртфиналето против Турција, која вчера беше подобра од Шведска. Најефикасен играч во победничкиот тим беше неверојатниот Џордан Лојд со 28 поени, по него Понитка со 19 и Соколовски со 10 поени. За Босна и Херцеговина, Нуркиќ се истакна со 20 поени и седум скока, а Роберсон имаше 19 поени пред ...
Репрезентацијата на Германија попладнево ја совлада Португалија со резултат 85:58 и со тоа се пласира во четврфиналето на Европското првенство во кошарка. Иако победата на крајот беше убелива, португалските кошаркари три четвртини беа рамноправен противник на актуелниот светски шампион, но во последните 10 минути дадоа само седум поени, а Германците постигнаа дури 33. Шредер и Вагнер со по 16 поени беа најефикасни кај Германците, додеа во ...
Грција ја оправда фаворитската улога во последното осминафинале на Евробаскетот и го грабна последниот билет за четвртфиналето, откако вечерва во завршниот термин извојува победа над селекцијата на Израел. Нашиот јужен сосед одигра доволно добро за да обезбеди место меѓу најдобрите осум на стариот континент, па во финишот од мечот знаеше и да се дозира и да го приведе мечот до сам крај. Грција диктираше од почеток до крај и најголемата предност ...