Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за с. Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин поради вршење увид. На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на ...

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу две патнички возила и трактор на регионалниот пат Велес – Градско, на околу стотина метри по селото Ногаевци, соопштија од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. Во несреќата, според полицијата, се судриле две возила марки „голф“ и „форд“ и трактор без регистарски таблички. Несреќата е пријавена околу 6 часот, а увид изврши увидна екипа од СВР Велес. Констатирани се повреди кај ...