Џирона игра сосема спротивна сезона од минатата и од клуб кој избори пласман во Лигата на шампионите сега стравува за опстанокот во елитната шпанска конкуренција. Со триумфот над Мајорка во минатото коло, клубот од Каталонија сепак си направи простор и има плус шест во однос на Лас Палмас која е последната екипа под цртата, ама има уште четири рунди до крајот и се отворено што значи дека му се потребни бодови на тимот на нашиот Бојан Миовски. ...
Бојан Миовски по подолга пауза конечно доби шанса да заигра во тимот на Џирона, но и тоа се покаже недоволно за неговиот тим да избегне пораз на домашен терен против Вилјареал (0-1). Македонскиот голгетер упорно е игнориран од тренерот Мичел, но шефот на стручниот штаб на Џирона овој дуел не го водеше својот тим поради здравствени проблеми. Помошниот тренер реши да му даде шанса на Миовски внесувајќи го во игра во 73. минута на местото на ...
Жирона, 9 мај 2025 (МИА) – Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Жирона, Мичел Санчез, објави денеска на социјалните мрежи дека е хоспитализиран, непрецизирајќи ги притоа причините поради кои е примен во болница. „Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку денови“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата на Жирона, чиј дрес од оваа сезона го носи македонскиот ...
Тренерот на Џирона, Мичел, бил итно пренесен во болница поради влошена здравствена состојба, јавија шпанските медиуми. Предводникот на тимот во кој настапува нашиот Бојан Миовски е надвор од животна опасност, но лекарскиот тим го држи под постојан надзор и се труди да ја стабилизира неговата ситуација. „Тренерот Мичел има соодветна медицинска грижа и неговата состојба е стабилна. Нема простор за паника и за вознемиреност, но не смееме да ...