Во голем шумски пожар во близина на Марсеј на југот на Франција, кој е ставен под контрола, повредени се девет пожарникари, изгореа 700 хектари вегетација, додека десетина куќи се оштетени, соопштија денеска локалните власти. Како што наведоа властите, пожарот е „под контрола, но не е стабилизиран“, пренесе „Фигаро“. Префектот на областа Буш ди Рон, Жорж Франсоа Леклер, изјави дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе од 700 ...
Како што наведоа властите, пожарот е „под контрола, но не е стабилизиран“, пренесе „Фигаро“. Префектот на областа Буш ди Рон, Жорж Франсоа Леклер, изјави дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе од 700 пожарникари, како и девет авиони. Според него, досега се повредени девет пожарникари кои се евакуирани, а во пожарот никој не загинал. Летовите на аеродромот во Марсеј се прекинати поради шумскиот пожар кој беснее недалеку од градот. ...