Поранешната обвинителка Ленче Ристоска реагираше по ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ и одбивањето на барањето за конфискација на имотот, оценувајќи дека остануваат сериозни дилеми околу различниот исход на постапката. Во објава на социјалните мрежи, Ристоска, која го водеше предметот повеќе од седум години, посочи дека во првата постапка, врз основа на истиот доказен материјал, била донесена осудителна пресуда. Од нашата мрежа ...

Ослободителната пресуда во случајот „Талир 2“ е резултат на целосна партизација на судството и на смислено сценарио со кое се спречува конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се спасува поранешниот премиер Никола Груевски, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. На прес-конференција во партиското седиште, Кузеска изјави дека исходот од предметот ги потврдува досегашните предупредувања на СДСМ за постепено преземање на ...

Републичкиот јавен обвинител ги отфрли критиките дека придонел на некој начин за ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“ и одбивањето на барањето да се конфискува зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска изјави дека критиките на оваа пресуда од поранешната обвинителка Ленче Ристоска бидејќи не одговарале на фактите. „Талир 2“ беше во надлежност на ОЈО Скопје, каде што работеше Ристоска. „Токму овој предмет, доколку таа ...

Судијката Даниела Алексовска Стојановска ја пишува пресудата за Талир 2 со која го ослободи Никола Груевски и ја одби конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Предметот застарува на 31-ви август а за да не застари треба да има првостепена пресуда од апелациониот суд. „Првостепената пресуда за предметот, во јавноста познат како Талир 2, е во фаза на писмена изработка и истата ќе биде доставена до странките во најкраток можен рок, се со цел да ...