Централните банки ги зголемија своите резерви на злато со најбрзо темпо за повеќе од една година во првиот квартал, бидејќи цените паднаа. Тоа предизвика бран на купување што ги компензираше некои институционални продажби. Нето институционалните купувања се зголемија на 244 тони злато во првите три месеци од годината, во споредба со 208 тони во претходниот квартал, според проценките на Светскиот совет за злато, цитирани од „Bloomberg“. ...

Витаминка АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварила добивка по оданочување од 13.876 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период лани е зголемена за 1%, соопшти компанијата преку Македонската берза. -Остварените единечни вкупни приходи во првото тромесечје од 2026 година изнесуваат 1.050.008 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2025 година бележат раст од 14%. Во структурата на вкупните ...

Фабрика Карпош АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила бруто добивка од 14,130 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи изнесуваат 232,603 милиони денари. -Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности на домашен пазар кои учествуваат со над 90 % во вкупните приходи остварени на домашниот пазар. Приходи во првиот квартал имаат мал пораст од ...