Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус, планира и следната сезона да остане во Премиер лигата, пренесува „ЕСПН“. Иако во минатото повеќепати зборуваше за можно враќање во Палмеирас, бразилскиот фудбалер засега е фокусиран на продолжување на кариерата во Англија. Главната желба на 29-годишниот напаѓач е да го одработи договорот со Арсенал, кој му истекува во јуни 2027 година. Сепак, не е исклучена можноста да побара трансфер во друг англиски клуб ...
Кошаркарската Супер лига следната сезона ќе брои десет наместо 12 екипи, односно македонската кошаркарска елита е намалена за две екипи, а со цел да се добие на квалитет и поголема конкуренција. Поради кратењето на лигата три екипи испаднаа од елитата, односно Ангели, Гостивар и Феникс, а во следната сезона остануваат шампионот МЗТ Скопје, ТФТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув, Тиквеш, МКК Куманово, Чаир и Работнички, а нов член на Супер лигата ...

