Директорот за физикална медиција и рехабилитација Злате Мехмедовиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека ниту една држава во светот, ниту еден здравствен систем не може да биде подготвен за таква трагедија како што беше во Кочани. Тој рече дека рехабилитацијата може да трае многу на ваков тип на повредени. „Рехабилитацијата на изгореници може да трае со години. Не континуирано со години. Кај одредени пациенти може да се повтори рехабилитацијата“, ...

Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, три службени лица во Министерство за економија, двајца државни секретари во ...

Уште 19 други осомничени во врска со трагедијата од 16 март во Кочани, во која загинаа вкупно 61 лице. На списокот на осомничени се најдоа и тројца поранешни министри за економија, двајца поранешни државни секретари во Министерството за економија, тројца службеници од истото министерство, двајца поранешни и еден актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден генерален инспектор во таа дирекција, тројца градежни инспектори од ...