Раководството на Портланд Треил Блејзерс покажува сериозен интерес за тренерот на Париз Баскет, Јулиус Томас, кој сезонава се наметна како едно од најинтересните млади тренерски имиња во европската кошарка. Томас го презеде кормилото на францускиот клуб во март годинава и со само 28 години стана најмладиот главен тренер во историјата на Евролигата. Претходно работеше како помошник во стручниот штаб на Париз и беше дел од проектот кој му ...

Кошаркарите на Њујорк Никс ги победија Сан Антонио Спарс со 107:106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА плејофот. Никс водат со 3:1 во серијата и имаат три „меч-топки“ за шампионската титула, први по 53 години. Четвртиот натпревар ќе биде запаметен по фактот дека играчите на Спарс пропуштија предност од 29 поени. Ниту еден тим не успеал да се врати од дефицит од повеќе од 24 поени во финалето на НБА откако Бостон го направи тоа против ...