ЏАБИР ДЕРАЛА Зголемување на минималната плата на 600 евра, линеарно зголемување на сите останати плати за 100 евра и намалување на платите на функционерите кои претходно беа зголемени за 78 отсто. Ова не се радикални, ниту нереални барања. Се работи за крик, барање да се задоволат некои основни, минимални услови за пристоен живот, што вчера илјадници работници ги побараа на протестите организирани од Сојузот на синдикатите. Барања што ...
Протестот за поголеми плати на работниците, во организација на Сојузот на синдикати започна попладнево како што беше најавено од пред Работничкиот дом. Учесниците на протестот на овој начин го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра. На протестот, како што велат очевидци има неколку илјади луѓе, а забележливо е и присуството на полицијата. ...

