Метео анализа на Славчо Попоски: Од денес (понеделник 9 јуни, па се до среда 11 јуни) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени, па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени. Сепак, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови се очекува локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава ...

Попладнево во нашата Македонија, и тоа од северните предели се прошири ветер од северен правец и истиот повремено е засилен на интензитет. Токму ова придонесува топлиот бран од Африка кај нас да слабее, а температурите постепено да опаѓаат. Ветерот од северен правец ќе продолжи и вечерва, а понатамошно опаѓање на температурите на воздухот ќе има и во текот на ноќта, што значи дека пред нас е поднослива ноќ со северен ветер, но и со пониски ...