Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски е нов спортски координатор на машките селекции. Популарниот Жути ја заврши својата мисија во Германија и прифати понудата на раководството на РФМ. Тој доаѓа на местото на Влатко Тасевски, кој сега ја извршува функцијата на генерален секретар. Миркуловски од 2020 година ги започна своите тренерски чекори во Вецлар, тимот за кого играше седум години, а потоа беше дел од стручниот штаб. Тој ...
Филип Миркуловски од денеска има нова улога – координатор на машките ракометни репрезентации на Македонија откако големиот ас по завршувањето на авантурата во Вецлар реши да се врати назад во татковината. Миркуловски ја заврши играчката кариера во овој бундеслигаш, потоа неколку години беше и помошен тренер во Вецлар. Сепак, по заминувањето од овој клуб тој избра камбек во Македонија, прифаќајќи ја оваа нова улога кој до неодамна му припаѓаше на ...
Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски се враќа да работи во репрезентативниот ракомет, ама на нова улога. Славниот среден бек ја доби довербата од Ракометната федерација на Македонија и на официјална прес-конференција беше претставен за новата позиција. Во иднина Миркуловски ќе биде спортски координатор на машките селекции. Оваа одговорна улога популарниот „Жути“ ќе ја преземе веднаш. Филип Миркуловски беше еден од најголемите воини ...