Македонскиот фудбалски стручњак Игор Ангеловски, имаше успешно деби како селектор на Таџикистан. Човекот кој ја водеше Македонија на Европското првенство во 2021 година, од неодамна (пред неполни два месеци) е во Таџикистан, а на првиот меч како селектор таму, денеска славеше против Индија со 3-1. Таџикистан после победава, ќе биде на 100-тото место на ФИФА листата. На 9-ти јуни, Таџикистан ќе има уште една контрола против Индија. ...
Во пријателски натпревар одигран во Хисар, домашната селекција славеше убедлива победа над Индија со 3-1, носејќи им радост на навивачите на трибините. Таџикистанците поведоа уште во деветтата минута, кога Бобоев сигурно реализираше удар од белата точка. Во продолжението домаќините ја потврдија доминацијата со уште два погодоци во второто полувреме. Каримов во 62. минута го удвои водството, а само шест минути подоцна Панџшанбе ги разреши сите ...

