Лука Модриќ нема да оди на лекарски преглед во Милан пред крајот на Светското првенство, иако трансферот во редовите на „росонерите“ е веќе договорен. Искусниот хрватски плејмејкер сака трансферот да биде комплетиран дури по завршувањето на настапот на клупскиот Мундијал. Оваа одлука Модриќ ја донесе од почит кон Реал Мадрид клубот во кој ги мина најславните години од кариерата. Според информациите, договорот е веќе постигнат, но ...
Иако се чинеше дека сè е јасно и дека Лука Модриќ ќе ја заврши својата приказна во Реал Мадрид по Светското клупско првенство и ќе ја продолжи кариерата во Милано, најновите информации од Шпанија отвораат врата за сензационален исход. Според „Дефенса Централ“, портал специјализиран за следбеници на Реал Мадрид, тимот од „Сантијаго Бернабеу“ сè уште не ја исклучува можноста да му понуди на Лука Модриќ нов едногодишен договор! Модриќ отпатува во ...
Лука Модриќ денес пристигна во тренинг кампот на Реал Мадрид за последен пат како нивен играч, а лојалните навивачи на Кралскиот клуб се погрижија моментот да им остане врежан во меморијата Голем транспарент со пораката „Модриќ е вечен“ се појави на влезот од комплексот, додека собраните навивачи гласно го поздравија хрватскиот играч од средниот ред и му оддадоа почит за сè што направи во белиот дрес. Outside of Valdebebas today… 🤍🇭🇷 ...
Лука Модриќ, еден од најголемите фудбалски мајстори на нашето време, денес за последен пат како играч пристигна во тренинг кампот на Реал Мадрид. Тоа не беше обичен ден – навивачите со транспаренти и аплаузи го пречекаа својот херој, испраќајќи го со порака што зборува сè: „Модриќ е вечен“. По речиси 13 сезони во белото на „кралевите“, 39-годишниот хрватски ас ја затвора една од најславните страници во историјата на клубот. Outside of Valdebebas ...