Модриќ пак покажа класа: Од почит кон Реал го „одложи“ потписот со новиот клуб

Лука Модриќ нема да оди на лекарски преглед во Милан пред крајот на Светското првенство, иако трансферот во редовите на „росонерите“ е веќе договорен.

Искусниот хрватски плејмејкер сака трансферот да биде комплетиран дури по завршувањето на настапот на клупскиот Мундијал. Оваа одлука Модриќ ја донесе од почит кон Реал Мадрид клубот во кој ги мина најславните години од кариерата.

Според информациите, договорот е веќе постигнат, но официјализацијата и прегледите ќе следат дури по завршувањето на обврските со „кралскиот“ клуб во САД.