-Како е секое лето, така и пред 10 години, во 2015 година, во Битола свечено беше отворено културното лето “Битфест“, а започна со концерт на Битолскиот камерен оркестар во Народниот театар во Битола, а тоа беше десетото јубилејно издание на Битолското културно лето, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На свеченото отворање настапи Битолскиот камерен оркестар заедно со повеќе солисти ...
Вечерва од 21 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот „Цветна симфонија“ во Хераклеја. На репертоарот се класици од Пучини и наполитански песни како „O sole mio“. Од Битолски камерен оркестар велат дека ќе настапат и три сопранистки и еден гостин од Хрватска, кој ќе биде изненадување за публиката. „Од почетокот на годината одржавме седум концерти, кои беа одлично прифатени од публиката, а до крајот на сезоната планираме уште ...