Во Психијатриската болница во Демир Хисар пациентите ги возат со товарно комбе без свеж кислород, прозор, клима уред и светлина, како да се пакети со стока. Единственото санитетско возило е неисправно и е вон употреба подолго време. Тешка, директна продолжена дискриминација кон пациенти со попреченост и тешка психичка состојба утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) извршена од Јавните здравствени установи (ЈЗУ) ...
Катастрофални услови за лекување и живот во психијатриските болници во Демир Хисар, Скопје и Негорци утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), по извршена проверка. Станува збор за околу 750 пациенти со тешки психички нарушувања, хронични болести и лица без социјална поддршка, кои, наместо во хумани услови, се лекуваат во средини што Комисијата ги оцени како деградирачки и дискриминаторски. Препорачано Во болницата во ...