Делегации на СВР Тетово, ОВР Гостивар и Синдикатот на Полиција во Македонија, денеска ги посетија вечните почивалишта на Горан Илијевски од Гостивар и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце, како и спомен плочата за гостиварците Даил Јанкоски и Александар Николиќ во Циглана, кадешто беше положено цвеќе во нивна чест. Оддавање на почит кон овие херои беше организирано по повод Денот на македонската полиција што се одбележува на денешен датум ...

Денеска се навршува деценија од настаните во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во пресрелката имаше и 37 ...