Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста и современиот џез. Годинашната програма засигурно ќе ја потврди високата интернационална репутација на фестивалот. Во неа доминираат американски музичари. Така, во една вечер се две многу посакувани имиња на џезот, легендарниот гитарист Марк Рибо и Кахил Ел Забар. На финалната вечер, пак, ...
Ексклузивни настапи и актуелни имиња од светската џез сцена ќе го одбележат 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кое ќе има четири вечери од 16 до 19 октомври. Целата програма ќе се одвива во Националната опера и балет и оваа година нема да има полноќни концерти во Младински културен центар, што е последица на состојбата во која што се наоѓа оваа установа и немањето елементарни услови за одржување вакви концерти, како што појасни директорот на ...
Со внимателно одбрана програма што го комбинира најдоброто од актуелната светска џез сцена, 44. издание ќе биде предводено од силна американска поставa, со неколку ексклузивни настапи и премиери. Во програмата, која ќе се одвива од 15 до 19 октомври, доминираат музичари од САД, меѓу кои и две вистински џез легенди – гитаристот Марк Рибо и перкусионистот Кахил Ел Забар, кои ќе настапат на иста вечер на 17 октомври. Финалната вечер, пак, ја носи ...