На почетокот на месецот многу семејства во Македонија ја прават истата математика. Седнуваат со лист хартија или со калкулатор на телефонот. Плата на едната страна, сметки на другата. Струја, вода, парно, интернет, телефон, кредит, градинка. Некогаш и рата за автомобил. Кога ќе се соберат бројките, прашањето доаѓа само од себе: што останува? Некои велат дека најтешки се првите десет дена од месецот. Тогаш се плаќа речиси сè. Во многу домови ...

Стружани добија сметки за вода за февруари, иако не ја користеа водата од градскиот водовод поради загаденоста, објави „Сакам да кажам“ (СДК). Советот на Општина Струга тогаш донесе одлука Општината да ги преземе обврските на граѓаните по основ на фактурите за вода за месец февруари, но и покрај тоа сметките стигнаа на домаќинствата. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Струга, Јованчо Мечкароски, вели дека одлуката следела откако веќе ...