Повеќе денови трае големиот пожар во околината на „Јасен“, при што огнените јазици зафатија значителни површини шума. Во гаснењето се вклучени ер трактори и специјалните единици. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека по ноќната битка со пожарот, не било дозволено огнот да го премине шумскиот пат кон селото Брезница. „Благодарение на интервенцијата, воспоставена е контрола врз еден од трите краци на пожарот,“ вели директорот на ...

Состојбата со пожарите во Северна Македонија останува критична. Само во последните 24 часа се регистрирани над 27 пожари, од кои пет се сè уште активни, два се ставени под контрола. Меѓу активните пожари сè уште е Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Има и други активни пожари во општина Куманово во селото Романовце и оној во Липково и во селото Лојан,е каде што гори ниска вегетација. Други активни пожари има во општина ...