Македонскиот фудбалер Филип Бошковски е нов член на албанскиот Фламуртари, потврди клубот. Десниот бек му се приклучува на тимот во пресрет на новата сезона и ќе претставува засилување за одбранбената линија на клубот. Бошковски е роден на 28 октомври 2000 година, висок е 179 сантиметри и настапува на позицијата десен бек. Со овој трансфер, 25-годишниот македонски фудбалер ќе има нов предизвик во својата кариера, по настапите за Пелистер и ...
Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски има нов клуб и кариерата ја продолжува во Индонезија. ПСС Слеман, клуб кој лани играше во плеј-офот на Индонезија, е новиот клуб на 34-годишниот фудбалер кој игра по левата страна на теренот. Ашковски во земјата доаѓа како слободен, по раскинот на договорот во Иран. Последен клуб на Ашковски беше Мес Рафсанјан од Иран, а низ кариерата настапуваше низ повеќе европски земји како Србија, Кипар, ...
Екс-фудбалерот на Јувентус и српски репрезентативец Филип Костиќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на ПСВ Ајндховен. Искусниот левокрилен фудбалер одлучил да се врати во Холандија, иако во трката за неговиот потпис сериозен интерес покажуваше и грчкиот АЕК. На Костиќ му истече договорот со Јувентус по завршувањето на минатата сезона, по што стана слободен играч и веднаш привлече внимание од неколку клубови. Најконкретни беа ПСВ и АЕК, а ...

