Вечерва голем пожар избувна во фабриката „Мирана“ во Велес, при што густи облаци чад се издигнуваат над градот. Огнот брзо се шири низ објектот, каде што, според првичните информации, се наоѓа голема количина на лесно запаливи материјали. Екипи на Територијалната противпожарна единица на Велес се на терен и се борат со пламените јазици кои достигнуваат неколку метри. Се очекува во гаснењето да се приклучат и пожарникарски екипи од соседните ...

Голем пожар избувна синоќа во Велес, а бел чад во текот на ноќта се издигнуваше над новиот дел од градот. Како што информираа од ТППЕ Велес околу полноќ за МИА, по 22 часот бил пријавен пожар во Фабриката за здрава храна „Аронија“ во индустриската зона на Велес во новиот дел на градот, која е дел од компанијата „Мирана“ за маргарин и други прехранбени производи. Пожарот е локализиран, но сѐ уште има слаби чадења на одредени места. За да се ...