Играчот од средниот ред Кристијан Стојкоски, останува дел од Тиквеш уште најмалку една сезона, откако клубот од Кавадарци денеска објави дека е продолжена соработката со еден од најдобрите играчи. Стојкоски е дел од Тиквеш од јануари 2024 година, а со клубот минатата година го освои Купот на Македонија. Претходно Стојкоски играше во неколку клубови, меѓу кои Македонија ЃП, Работнички, Брера, Шкупи и Тетекс. Тиквеш претходно ја продолжи ...

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш ја информираше јавноста дека го продолжи договорот со стандардниот првотимец, Мартин Стојанов. Мартин Стојанов е четвртото име летово кое го продолжи договорот со кавадарчани, откако претходно тоа го направија и: Мишов, Миловановиќ и Стојкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од ...

Екипата на Тиквеш ја оствари основната цел и обезбеди место во најсилната фудбалска конкуренција и за натпреварувачката 2025/2026, па управата на клубот се фати за работа и почна да го формира ростерот. Александар Мишов беше првиот што потпиша договор со тимот кој лани направи историски успех со освоениот пехар во Купот на Македонија, а денеска тоа го направија уште двајца играчи. Во Кавадарци остануваат офанзивците Кристијан Стојкоски и Даниел ...

Македонскиот прволигаш Тиквеш ги задржува своите најдобри поединци и веќе мисли на тимот кој ќе настапува во следната сезона од Првата фудбалска лига. Откако претходно беше продолжен договорот со офанзивецот Александар Мишов, истото го стори и Кристијан Стојкоски, кој потпиша нова едногодишна соработка со кавадарчани. Минатата сезона Стојкоски одигра 29 натпревари во ПМФЛ, беше еден од најстандардните во првиот тим и постигна три гола. Веќе две ...