Играчот од средниот ред Кристијан Стојкоски, останува дел од Тиквеш уште најмалку една сезона, откако клубот од Кавадарци денеска објави дека е продолжена соработката со еден од најдобрите играчи.
Стојкоски е дел од Тиквеш од јануари 2024 година, а со клубот минатата година го освои Купот на Македонија. Претходно Стојкоски играше во неколку клубови, меѓу кои Македонија ЃП, Работнички, Брера, Шкупи и Тетекс.
Тиквеш претходно ја продолжи соработката со Александар Мишов, кој исто така потпиша нов едногодишен договор со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА