– Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис групации“, а паралелно со денешниот штрајк изразуваат и солидарност ...

Со 159 гласа „за“, од кои 156 од владејачката Нова демократија и три од независни пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2026 година со што и заврши петдневната расправа што започна во петокот, а гласањето, традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната Влада. Гласаа 295 од вкупно 300 пратеници, а против беа сите опозициски партии. Претседателот на Парламентот Никитас Какламанис соопшти дека петдневната ...

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечер се очекува да биде изгласан од грчкиот парламент. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис-групации. Во штрајкот, освен државните службеници, учествуваат и вработените во локалната самоуправа, како и ...

Мирен протест, но со мал одзив од граѓаните, се одржа пред грчкиот Парламент во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во државниот сектор поради гласањето на буџетот за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците“, што воедно беа и пораките што ги ...