Годинава, очекувањата се економскиот раст да изнесува три проценти, додека на среден рок проекциите укажуваат на раст на економијата од околу четири проценти. Основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување, истакнува гувернерот Трајко Славески во интервју за порталот „Пари“. Славески посочи дека главен носител на растот се инвестициите, потпомогнато од најавениот јавен инфраструктурен циклус, но ...
Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска на средба со претставници ...
Новиот гувернер Трајко Славески во интервју за порталот „Пари“ најави дека домашната економија годинава ќе порасне за 3 %, а на среден рок ќе забрза кон 4 %. Главниот мотор, вели тој, ќе бидат инвестициите поттикнати од големиот инфраструктурен циклус и од рекордниот прилив на странски капитал. Но, погледот на меѓународните финансиски институции го лади ентузијазмот. Проекции: милиметарска усогласеност за 2025, подлабок јаз на среден рок ...