Новиот министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ синоќа ги пцуел и навредувал пратениците од опозицијата. Како што кажаа пратениците, Стоилковиќ, кој е од Демократската партија на Србите во Македонија, ги навредувал пратениците кои од говорницата го критикуваа неговото кандидирање на министер за локална самоуправа уште во салата, а потоа неговото недолично однесување продолжило во Клубот на пратеници за време на паузата. -Доставив писмо ...

Синоќа Собранието ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски. Во завршното обраќање Мицкоски им се извини на пратениците и на граѓаните за инцидентот што настана во парламентот кога кандидатот за министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, инаку претседател на Демократската партија на Србите (ДПС), како што велат од СДСМ, ги навредувал и пцуел заменик-координаторот на ...

Извинување во празна сала, кога ниту еден пратеник од опозицијата не беше присутен. Вака лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој пак не беше присутен на седницата, реагираше на извинувањето од премиерот Христијан Мицкоски за инциденот кој се случи во Собрание меѓу новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и пратениците од СДСМ Митко Трајчулески и Фатмир Битиќи, но и навредите кои Мицкоски ги упати до Битиќи. По што ...