Вардар 1961 и ГРК Охрид одиграа интересен натпревр, а победата му припадна на домашниот тим кој славеше со 33-31 во меч од третото коло во Супер-лигата. Скопскиот состав добро се измачи за да дојде до третата победа во низа и да остане перфектен. На другата страна за охриѓани ова е прв пораз сезонава, имаат победа и реми. Митровиќ со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Борозан имаше шест, додека пет запиша Јанковски, Гогов имаше 10 ...
Вардар славеше над ГРК Охрид со 33:31 во едно од двете дерби средби во третото коло на ракометното првенство на Македонија. Црвено-црните имаат перфектни три победи, додека за ГРК Охрид ова е прв пораз, а претходно имаа и по една победа и реми. Уште од самиот почеток беше најавено дека ова ќе биде неизвесен дуел. Резултатот беше 5:5, а потоа Вардар заигра многу подобро и стигна до 10:7 во 17 минута. Гостите побараа тајм-аут и тоа вроди со плод ...