Попладнево во СВР Велес пријавено е дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско. -По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага – информираат вечерва од СВР Велес. Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето. ...

Рано утрово продолжи потрагата по 16-годишното девојче кое вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Спасувачката акција, во која се вклучени припадници на МВР, специјалната единица „Волци“ на Армијата, како и полициски службеници од Полициската станица Велес, е повторно активна од утринава. Потрагата е засилена и ...

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска. Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили – Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗС СВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката. 26-годишната ...