Андреј Магдевски е еден од оние стандардни кошаркари во македонската репрезентација низ годините. Овој пат тој ќе има поголема одговорност, во следниот период ќе треба да го пренесе своето искуство на младите соиграчи за претстојните мечеви од претквалификациите за СП 2027. Тој е од првиот ден со националниот тим, одговори на повикот на селекторот, Марјан Илиевски. Репрезентацијата е во Гевгелија, а по неколку одработени тренинзи, Магдевски ги ...

Искусниот Андреј Магдевски треба да биде еден од предводниците на новата подмладена македонска репрезентација низ престојната втора претквалификациска фаза за пласман на Мундобаскетот во 2027 година. Македонија ја очекуваат четири дуели од групата, по два против Унгарија и Романија, а Магдевски нагласува дека подготовките минуваат низ максимално позитивна атмосфера. „За овие неколку дена од подготовките, имам само пофални зборови за сите момци, ...