Стивенсон Саварт (25) влезе во историјата на Зимските олимписки игри станувајќи првиот спортист што некогаш го претставувал Хаити во крос-кантри скијање. Младиот спортист го оствари својот олимписки сон во Милано и Кортина д’Ампецо, каде што привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток. Саварт беше и носител на знамето на Хаити на церемонијата на отворањето на Игрите, а потоа го имаше своето олимписко деби во машкиот скиатлон. ...
Резултатите на Олимписките игри не секогаш се мерат во медали, а најдобар доказ за тоа е Стивенсон Саварт. 25-годишниот спортист вчера испиша историја на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, станувајќи првиот претставник на Хаити кој некогаш се натпреварувал во крос-кантри скијање. Херојски пречек на целта Иако заврши на 64-то место во дисциплината скијатлон, Саварт беше пречекан со овации и громогласен аплауз од публиката. По ...

