Фудбалерите на Ленс остварија убедлива победа над Анже со 5-1, во воведниот натпревар од 27. коло во Лига 1, со што се искачија на врвот на табелата. Домаќините рано го отворија резултатот, кога во 13. минута по брза и воиграна акција по аут од левата страна, Флоријан Тован со прецизен волеј удар ја затресе мрежата за 1-0. Само дванаесет минути подоцна, Ленс ја зголеми предноста, откако по голема грешка на одбраната на гостите, Тован ...
Како што се доближува финишот од сезоната, така фудбалерите на ПСЖ почнуваат да играат во препознатливата форма и да редат победи. По двете убедливи победи над Челзи во Лигата на шампионите, „светците“ вечерва славеа со 0-4 на гостувањето кај Ница и се вратија на врвот од Лига 1. ПСЖ сега има 60 бода, еден повеќе од второпласираниот Ленс, но и меч помалку од единствениот ривал за титулата во Франција оваа сезона. Момците на Луис Енрике на ...

