„La Grazia“ на Паоло Сорентино, љубовна приказна во која тој повторно се спојува со актерот од „Големата убавина“ Тони Сервиљо, ќе го отвори 82. издание на Филмскиот фестивал во Венеција. Сервиљо глуми заедно со италијанската актерка Ана Ферцети, која неодамна се појави во големиот хит на Ферзан Озпетек, „Дијаманти“. Деталите за приказната на десеттиот игран филм на Сорентино не се познати, освен фактот дека станува збор за љубовна приказна ...

Италијанскиот режисер, добитник на Оскар, Паоло Сорентино, ќе го отвори овогодинешниот Венециски филмски фестивал со својот нов филм „La Grazia“, објавија организаторите во петок. Педесе итпетгодишниот Сорентино е познат по филмовите „Il Divo“, „La grande bellezza“ и „E stata la mano di Dio“, длабоко личен филм за загубата на неговите родители како тинејџер, кој го освои второто место во трката за Големата награда на жирито на фестивалот во 2021 ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е официјално селектиран на 11. издание на Светскиот филмски фестивал во Монтевидео, кој ќе се одржи од денес (7 јули) до 9 јули во главниот град на Уругвај. По Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела, ова е петта држава од Јужна Америка каде што филмот ќе биде прикажан. „Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни ...