СДСМ објави денес дека до Собранието поднела 12 предлог закони со кои ќе се остварат ветувањата што во предизборието ги даваше ВМРО-ДПМНЕ, а сега работи спротивно на нив. Притоа се пожали дека се што предложиле досега како опозиција било одбиено, поради што решиле да ги предлагаат изборните ветувања на ВМРО – ДПМНЕ. Како пратеници на СДСМ и Коалицијата поднесовме десетици закони и ниеден од нив не беше прифатен од мнозинството. Поднесовме закон ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ реакција на прес-конференцијата на СДСМ. „Јасно ни е дека СДСМ мисли дека нашиот начин на водење на држава е погрешен, бидејќи тие се научени на криминал, корупција и неспособност, а ВМРО-ДПМНЕ е сосема спротивното од тоа. Ние нема да владееме со тендери во 4 очи, местење набавки за браќа, братучеди или блиски лица до структурите, ние нема да бараме 20% од анекси на договори, нема да даваме пасоши на белосветски ...

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кој на самиот почеток ги потенцираше сите реализирани проекти на Владата за само една година. Ристески истакна дека во фокусот на оваа Влада е економијата а тоа го докажуваат и делата односно покачувањето на платите, пензиите и историското ниво на странски директни инвестиции. „Економијата е во центарот на нашиот фокус во овие 12 месеци, бидејќи донесовме ...