Пет играчи од репрезентацијата на Луксембург до 21 година се хоспитализирани по сообраќајна несреќа во северозападна Франција. Според Фудбалската федерација на Луксембург (LFF), момчињата поминале со полесни повреди и биле префрлени во болница како превентивна мерка. Тие патувале за квалификациски натпревар за Европа со Франција , а инцидентот се случил поради тоа што на возачот на автобусот ненадејно му се слошило, по што изгубил контрола. ...

Натпреварот од квалификациите за Европското младинско првенство помеѓу Франција и Луксембург требаше да се одигра вечерва во 18:30 часот, но тој е одложен за трети октомври. Причината е сообраќајната несреќа која ја доживеале фудбалерите од Луксембург, кои со автобусот се превезувале кон стадионот. Петмина од нив се пожалиле на повреди и се хоспитализирани, но според последните информации на француските медиуми, тие се чувствуваат добро, а ...