Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Подржувањата на тлото се почувствувале и во главниот град на Тајланд, Бангкок, каде што стотици луѓе во паника излегле од зградите, објави Reuters. При земјотресот, зграда во изградба во Бангкок се урнала, соопшти полицијата. На социјалните мрежи кружи драматична снимка на која се гледа како повеќекатница со градежен кран ...

Најмалку осум лица загинаа во Бангкок кога се урна 30-катница во изградба како последица на земјотресот што денеска го погоди Мјанмар, соопштија службите за вонредни состојби. Непознат број луѓе се под урнатините, јави Sky News. Како што соопшти Ксинхуа претходно денеска, 43 лица се водат како исчезнати. Весникот „Каосад“ објави дека најмалку 67 лица се заробени во урнатините на зградата. „Дури 67 лица се водат како исчезнати по уривањето на ...