Италијанската фудбалска репрезентација е пред нов сериозен испит. Избраниците на Џенаро Гатузо се среќаваат со Босна и Херцеговина во обидот да не пропуштат уште едно Светско првенство, а селекторот веќе го „срочи“ тимот што ќе истрча на стадионот во Зеница. Гатузо ќе постави стандардна 3-5-2 формација, во која се чини дека најмногу „гори“ во средниот ред. „Аѕурите“ ќе имаат пеколна средна линија, во која сигурно место ќе имаат Федерико ...

На неколку часа до почеток на дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Италија, селекторот на некогашниот светски и европски првак, Џенаро Гатузо вели дека чувствува притисок како никогаш досега и тоа поради важноста на средбата. Во Зеница на „Билино поле“, Босна и Херцеговина е домаќин на Италија, а победникот ќе обезбеди место на Светското првенство кое ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико. „Ова е поинаков вид на притисок од тој што сум го ...