Само неколку дена по успешното локализирање и гаснење на пожарот на градската депонија во Радовиш, синоќа биле регистрирани нови огнови на повеќе локации, соопшти ЈП „Плаваја“. Од јавното претпријатие информираат дека по повеќедневните активности за гаснење на пожарот и насипување земја на целата површина зафатена од огнот, во текот на ноќта повторно дошло до палење на депонијата на пет различни места во непосредна близина на површините каде ...
Со затоплувањето почна и зачестеното палење на депониите во југоситокот. Градската депонија во Радовиш вчера повторно гореше, но, според тамошните пожарникари, пожарот е подметнат намерно, најверојатно од пиромани. Радовишката територијална противпожарна единица преку соопштение на социјалните мрежи повика да се најдат сторителите. „Пожарникарите се повикани и од своите домови, а сите расположливи екипи ќе дадат максимум за да го локализираат ...

