Македонија со двајца атлетичари ќе настапи на претстојното младинско европско првенство до 20 години кое ќе се одржи во Финска. Како што потврдија од Атлетската федерација, во Тампере отпатуваа нашите најдобри младински атлетичари Марко Алексовски и Брајан Авиа. Алексовски ќе настапи на трките на 100 метри и на 200 метри, додека Брајан Авиа ќе се натпреварува во дисциплината скок во далечина. Европското младинско првенство во Тампере стартува ...

Македонските граѓани и денеска нема да здивнат поради високите температури. Македонија се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, која ќе придонесе дневните температури во целата земја да достигнат до околу 40 степени Целзиусови. Високите температури ќе бидат проследени со стабилно и суво време. И во Скопје и околината денеска (10 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево време со ...