За големиот број жртви во катастрфалниот пожар во Кочани придонело и тоа што многу лица несвесни за опасноста од токсичниот гас во дискотеката „Пулс“ без никаква заштита се враќале и по неколку пати со цел да спасуваат луѓе, а ги изгубиле животите. Полицијата не смеела да го дозволи тоа изјави во „Интервју“ на Охридњуз поранешниот пожарникар Александар Тасески. Тасески во „Интервју“: Лица кои влегувале да спасуваат ги изгубиле животите ...
Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување во надворешни центри во втора фаза, информираше денеска доктор Игор Николов, контакт – лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани. Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или за долгорочна рехабилитација да водат пациенти. – Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за ...