Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани, изјави дека Иран го задржува правото на самоодбрана и заштита на своите интереси поради, како што изјави, непријателските активности на САД во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец. Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и до претседателот на Советот за безбедност, Иравани ги обвини Соединетите Американски Држави за „агресивни“ воени дејствија против два ...
Портпаролот на Комитетот за национална безбедност во Парламентот на Иран, Ебрахим Резаи, ги предупреди САД да не ги напаѓаат иранските бродови во водите на Персискиот Залив, зашто ќе се соочат „решителен одговор“. – Нашата воздржаност завршува денес. Секој напад врз нашите бродови ќе предизвика силен и решителен ирански одговор против американските бродови и бази, рече Резаи во објава на социјалната мрежа Х. Портпаролот на Комитетот за ...

