Време е за финале! Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја, вториот натпревар од финалето на АБА 2 лигата против Широки Брег. По поразот на првиот натпревар во БиХ (88:69), македонскиот претставник мора да одигра перфектен меч пред својата публика за да го оствари сонот наречен пласман во елитната АБА 1 лига. Натпреварот е закажан за 29 април (среда) со почеток во 19:00 часот во Спортската сала ...
ТФТ в среда со почеток во 19 часот го игра вториот меч од финалната серија од АБА2 лигата против Широки бријег, дуел на кој „црно-белите“ од Тафталиџе ќе сторат се за да стигнат до победата и да се изборат за мајсторка во ова финале. Секако, за такво нешто ќе им биде потребна поддршка од трибините, а од ТФТ не кријат дека посакуваат салата „Градски парк“ да биде исполнета до последно место и повторно да се создаде прекрасна атмсофера како што ...

