Кратко потоа улиците на Будимпешта и други градови низ земјата беа преполнети со толпи луѓе што слават, особено многу млади. Десетици илјади го прославија крајот на режимот на Орбан. Вакви сцени во земјата немало од 1989/90 година. Најголемите независни новински портали пишуваат за „крајот на произволното владеење“ и „падот на режимот на Орбан“, или едноставно насловуваат: „Дојде крајот“. Емотивни реченици, без одмазда Во меѓувреме, Петер ...
Крајот на системот на Орбан прво беше најавен во скромна и незабележлива објава на Фејсбук - кратка реченица на темно сина позадина, дека „премиерот штотуку телефонски ни честиташе за изборната победа“. Таквото соопштение го објави лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар, во неделате вечер во 21:11 часот. Во тој момент само околу половина од гласовите од унгарските парламентарни избори беа преброени. Но, убедливиот пораз на партијата ...

