Скопскиот состав подобро го отвори натпреварот и по почетната негатива успеа да фати ритам, па по првата четвртина имаше водство од 25-18. Контролата продолжи и во вториот период кога ТФТ стигна и до двоцифрена предност 41-30, но до паузата Широки намали на подносливи 43-35. Во продолжението босанскиот тим постепено се враќаше во игра и во третата четвртина се доближи на само два поени разлика 61-59. Пресвртот пристигна во последниот период ...
Кошаркарите на ТФТ не успеаја да ја освојат титулата во АБА 2 лигата, откако го загубија и вториот натпревар од финалната серија против Широки Бријег, овојпат на домашен терен со 86-87. Скопскиот тим имаше одличен старт и уште од почетокот наметна свое темпо. Екипата предводена од Боро Смилковски беше прецизна во нападот и по првата четвртина водеше со 25-21. Во вториот период играта се израмни, одбраните доминираа, но ТФТ успеа да ја задржи ...
Плејоф доигрувањето во Супер-лигата и официјално заврши вечерва, со дуелот во Гевгелија во кој Кожув славеше со 91-79. Натпреварот немаше преголемо значење ако се знае дека ТФТ секако беше прв во пресрет на плејофот, додека Кожув остана на петтото место, недоволно за пласман во Топ 4, зад екипата на Маџари која е хит на сезоната. Гостите беа преморени по пеколниот распоред од настапи во АБА2 и во домашниот шампионат, што се одрази врз нивната ...

