Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...

Граѓаните на Гостивар и денес не добија официјален одговор (иако се најавуваше) дали водата од градскиот водовод е загадена, што ја предизвикало масовната појава на стомачни тегоби и дали постои директна врска меѓу водоснабдителниот систем и повеќе од илјада пациенти што побараа медицинска помош. Резултатите од испитувањата сега се најавени за утре, 20 јули, по што Обвинителството треба да одлучи за понатамошната постапка. Молчењето и ...

Резултатите од анализите и испитувањата на квалитетот на водата од гостиварскиот водовод, според најавите, треба да бидат готови до утре и предадени до Обвинителството. Од Обвинителството велат дека откако ќе ги добијат резултатите ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена. Во петокот Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за ...

Политичката пресметка околу случајот со загадената вода во Гостивар продолжува и по епидемијата на гастроентеритис во која речиси две илјади граѓани побараа лекарска помош. ВМРО-ДПМНЕ ја прозва локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да преземе одговорност за случајот. Од партијата прашуваат зошто реакцијата на локалните служби доцнела и бараат целосно расветлување на случајот и утврдување ...