Двајцата музичари, но и долгогодишни пријатели и соработници, работат напорно, имаат проби со бендот и танчерите, и се возбудени што нивните деца првпат ќе ги гледаат како настапуваат во живо и конечно ќе ги видат на сцена. Освен гостите, кои ги вклучуваат Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Тони Зен, Слаѓа Делибашиќ, Џус, Пајак и Врчак, со Јован и Елвир на сцената ќе се појават многу танчери, од кои еден дел биле избрани преку специјална ...
Скопје, 27 мај 2026 (МИА) - Голем солистички концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе се одржи на 6 јуни 2026 година во арената „Борис Трајковски“, настан кој, според најавите, ќе понуди вистинско мултимедијално доживување со богата продукција и бројни музички гости. На денешната прес-конференција, организаторите истакнаа дека концертот е внимателно подготвен и замислен како комбинација од нивните најголеми хитови и понов материјал, ...

