Фудбалерите на Ренџерс се пласираа во полуфиналето на Лига купот на Шкотска, откако денеска во четвртфиналниот дуел на домашен терен славеа над Хиберниан со 2-0. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Раскин во 42. минута, а во судиското надополнување од првиот дел на 2-0 зголеми нашиот репрезентативец Бојан Миовски. Миовски најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и го постигна својот прв гол во дресот на шкотскиот великан. Rangers 2-0 ...
Нашиот репрезенттаивен голгетер, Бојан Миовски по постигнувањето на првенецот во дресот на Ренџерс, најави дека ова е само негов голгетерски почеток. Миовски, исто така, имаше еден поништен гол поради офсајд, а еден негов шут, од самата гол-линија го извади дефанзивецот на Хиберниан, Грант Хенли. „Секако, среќен сум, ова беше прв од многуте голови. Ќе продолжам во овој стил. Како напаѓач, секогаш треба да бидете фокусирани и трпеливи бидејќи ...