Американскиот државен секретар Марко Рубио на 29 април предупреди дека доколку Русија и Украина не достават „конкретни предлози“ за прекин на војната во Украина, Соединетите Држави ќе „се повлечат од улогата на медијатори“. Портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус, го цитираше Рубио како вели дека е дојдено времето кога „треба да се достават конкретни предлози од двете страни за тоа како да се заврши овој конфликт“. Доколку нема напредок, ...

„Сега кога секоја страна ги знае мировните услови на другата страна, останува на Русите и Украинците да постигнат договор и да го запрат овој брутален конфликт“, вели американскиот потпретседател Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вели дека војната во Украина нема да заврши наскоро. Според Венс, на Русите и Украинците е да постигнат договор и да го запрат, како што вели, овој брутален конфликт. „Сега кога секоја страна ги знае мировните ...

Украина продолжува да инсистира на територијален интегритет, додека Русија се стреми да ја формализира контролата врз окупираните територии преку „мировен дискурс“. Во исто време, САД се закануваат дека ќе се повлечат од преговорите, а Европа се соочува со свои ограничувања во придонесот кон мировниот договор. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрла идејата за замрзнување на конфликтот и територијални отстапки, јасно велејќи дека ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во вторникот изјави дека сега е време за конкретни предлози од Москва и Киев за прекин на војната во Украина и предупреди дека САД ќе се повлечат како медијатор доколку нема напредок. На подоцнежниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, американскиот дипломат Џон Кели ја обвини Русија за континуираното крвопролевање, велејќи дека „за жал“ извршила напади од висок профил „предизвикувајќи ...